Голема трагедија во струшко - едно лице го загуби животот

Вчера околу 08:00 часот во село Радолишта, струшко, С.М. (48) од истото село, при чистење оџак на куќата сопственост на неговиот брат, се лизнал и паднал од покривот на замрзната земјена површина, при што се здобил со тешки телесни повреди.

Медицинска помош му била укажана во Медицински центар Струга, а поради сериозноста на повредите со Итна медицинска помош е препратен во Клинички центар Скопје, но при транспортот починал.

Со истото возило е вратен во Медицинскиот центар во Струга, од каде со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

 
 
02.01.2017 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега