За новогодишните празници во Скопје повредени 10 лица

За новогодишните празници во Скопје се случиле вкупно 14 сообраќајни несреќи во кои се повредени 10 лица.

Според евиденцијата на СВР Скопје, на новогодишната ноќ се случиле четири сообраќајки во кои телесно се повредени четири лица.

Во следните два дена од продолжениот новогодишен викенд се регистрирани уште 10 сообраќајни несреќи во кои се повредени шест лица.

Поради сторени сообраќајни прекршоци, казнети се вкупно 77 возачи на моторни возила.

 
 
03.01.2017 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега