Пукање во тетовско

Вчера околу 19:30 часот во Мала Речица, тетовско, непознат сторител истрелал повеќе куршуми од огнено оружје кон куќата сопственост на Г.Н. (43).

По овластување на Јавен обвинител од Тетово, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово при што се пронајдени седум чаури, а од кои три проектили завршиле во куќата.

Повредени лица нема, а од проектилите оштетени се влезнатаврата, прозорски стакла и фасадата.

 

СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

 
 
03.01.2017 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега