Турски државјани ограбени во Македонија

Непознат сторител синоќа ги ограбил Л.Д. (28) и А.Ц. (31) од Турција, кои живееле како потстанари во село Мрзенци, Гевгелиско. Насилно им одзел 5.000 евра и часовник „Ролекс“ вреден 7.000 евра, соопшти полицијата.

Немилиот настан се случил во 19:30 часот кога разбојникот, маскиран и вооружен со пиштол, дошол до влезната врата на куќата и најпрво ја турнал Л.Д., по што со пиштолот го удрил А.Ц. во пределот на главата. Откако овој паднал, сторителот ја извршил кражбата и побегнал во непознат правец.

Увид е извршен, се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.

 
 
04.01.2017 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега