Татко од Гостивар си ја киднапирал малолетната ќерка
Гостиварчанец си заработи кривична пријава бидејќи си го киднапирал малолетното дете. Се работи за 44-годишниот Д.П. од Гостивар кој во месец ноември минатата година, околу 11 часот и 30 минути, влегол во училиштето во Долна Бањица, без дозвола на мајката со која се разведени насилно ја извадил седумгодишната ќерка од училницата и заминал со неа во непознат правец.
Од македонската полциија информираат дека таткото одбивал детето да биде вратено на неговата мајка.
11.01.2017 - 13:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа