Влегол со пиштол - ограбена филијала на „Македонски пошти“ во Скопје
Непознато лице вчера насилно го одзело дневниот промет од филијалата на „Македонски пошти“ на улицата „Гоце Стојчевски“ во Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, кражбата се случила во 12:50 часот откако сторителот, заканувајќи се со огнено оружје, од вработената го одзел прометот и го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.
11.01.2017 - 13:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа