ДУИ: Бараме употреба на албанскиот јазик согласно Охридскиот договор

ДУИ денеска соопшти дека останува посветена на едно кохезивно општество, еднакво и интегрирано во евроатлантската заедница и ги повикува, како што стои, страните да делуваат со историска одговорност кон процесите со кои се соочува земјата и регионот при што треба да прават рационални, а не емотивно поттикнати проценки. 

- Употребата на албанскиот јазик во согласност со Охридскиот договор и Уставот, еднакво со македонскиот јазик, го прави општеството посилно, пообединето и постабилно заокружувајќи ги на тој начин нормативните обврски од Охридскиот мировен договор. Владеењето на правото во земјата е обврска на сите политички партии и претставува предуслов за продолжување на евроатлантскиот пат, стои во соопштението.

Реформите во судството, транспарентноста и ревидирањето на спорните судски процеси, според партијата, се неопходна обврска за враќање на довербата на граѓаните кон системот.

- Од почетокот на политичката криза во земјата, ДУИ инсистираше на транспарентно затворање на процесот преку целосно обелоденување на скандалот со масовното и незаконско прислушување и преземање одговорност, стои во соопштението од партијата. 

 
 
13.01.2017 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега