Машки труп најден кај скопската обиколница

Маж со прострелна рана во главата бил пронајден вчера на обиколницата кај надвозникот за Раштански пат. Полицијата денеска информира дека во 17 часот и 15 минути во Скопје, на надвозникот до автомобил, со пиштол до него бил пронајден машки леш.

Било утврдено дека се работи за 42-годишниот З.Џ. од Скопје.

Телото ќе биде предадено на обдукција која ќе ги даде одговорите на сите околности поврзани со настанот.

 

 
 
18.01.2017 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега