Денеска Металург и Киелце ќе си ги одмерат силите

Попладнево македонскиот ракометен шампион Металург во Киелце го игра реванш натпреварот од четвртфиналето од Лигата на шампионите.
 
Ракометарите на Металург со негатива од два гола (25:27) ќе го почнат реваншот, но како што напоменуваат и тие ништо не е завршено. Иако, Киелце оваа сезона има три победи над Металург (23:21; 21:20 и 27:25) сите натпревари беа неизвесни, а особено тој во Полска, кој заврши и со најмала разлика.
 
Тренерот Лино Червар нема да може да смета на повредените Миладин Козлина и на Дамир Батиновиќ, а од порано надвор од составот се Мите Стоилов и Дејан Макасков. На поверда уште се жали голманот Дарко Станиќ, но за очекување е тој да биде на голот на македонскиот првак. 
 
Почетокот на натпреварот е во 17 часот.
 
Покрај овој натпревар денеска играат уште: Хамбург и Флензбург (32:26 прв натпревар). 

ФОТО:Плусинфо
 

најчитано сега