Вечерва средба Груевски - Ахмети

Претседателите на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски денеска остварија средба на која што акцентот во разговорите беше ставен на две точки и тоа анализа на резултатите од изборите одржани на 11 декември, кои беа оценети како слободни фер и демократски, како и анализа на актуелната политичка состојба, информираат од двете партии во идентични соопштенија.
 
Двајцата лидери разменија мислења за актуелната политичка ситуација по изборите и за престојните предизвици на тој правец.

Повеќе детали од средбата на се соопштуваат.

Груевски го има мандатот за состав на новата Влада како лидер на партијата која победи на изборите на 11 декември. Тој со Ахмети треба да договори коалиција не подоцна од 29 јануари, бидејќи тогаш истекнува рокот кој е предвиден во Уставот.

 
 
18.01.2017 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега