Полицијата го фати: Бугар крадел од платежни картички во Македонија

МВР поднесе кривична пријава против К.З.З (37) државјанин на Р. Бугарија, поради постоење на основи на сомнение дека е сторител на кривично дело - “изработка и употреба на лажна платежна картичка“ по член 274-б ст.3 вв ст.1, предвидено и казниво по КЗ на Р.Македонија.

Имено, пријавениот со намера да прибави противправна имотна корист, во текот на овој месец, прибавил банкарски податоци од вистински платежни картички и податоци за носители на тие платежни картички,  со кои извршил  повеќе успешни нелегални трансакции на продажно место хотел правно лице од Скопје, во вкупен износ од 384.064 денари.

Истиот со картичка на “Американ експрес“ направил трансакција со рачен внес на број на картичката, без физичко присуство на картичката, односно резервацијата е направена преку претходна коресподенција преку електронска пошта за 30 дневен престој за две лица. Пријавениот дошол на 07.01. а на 12.01. сакал да се одјави при што побарал остатокот од парите да му бидат исплатени во кеш.

По ова од страна на банка во Скопје е проверена оваа транскација при што тие добиле потврда од банката издавач на платежната картичка дека станува збор за “Fraud“, односно за нелегална трансакција.

Во врска со ова по претходно добиена пријава од страна на истата банка, на 12.01.е излезено на терен и од хотелот е приведен пријавениот К.З.З. и однесен во ПС Центар кој во разговорот со полициските службеници кажа дека престојот во Хотелот му е платен од страна на фирмата за која работел од Австралија, како награда. Во однос на плаќањето незнаел ништо, и немал никаква поврзаност со фалсификувани платежни картички. За време на престојот во Скопје, бил во Центарот на градот, во трговски центар како и на Аеродром „Александар Велики“ за да си резервира авиобилет за Дубаи за 13.01.2017 година.

 
 
22.01.2017 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега