Познатата актерка на смртна постела

По неколку години криење од јавноста, Шели Дивал неодамна во емисијата на познатиот психолог д-р Фил призна дека има ментални здравствени проблеми кои беа евидентни и во текот нивниот разговор.

Зборуваше за тоа како комичарот Робин Вилијамс не е мртов, туку менува облик и сеуште го гледа.

 - Несреќна сум тука, јас навистина не сакам да умрам вака. Немам пари. Играв во пет серии и еден куп филмови, и немам ништо - објаснува Шели.

 Во видеото тврди дека била затворена во неименуван медицински центар.

Тие не ми рекоа дека сум затвореник, но тие јасно ми ставија до знаење дека не може да излезам. Мајка ми ме одведе таму, ме молеше да поминам најмалку една ноќ во тоа место - рекла  Шели.

Таа ја започна својата кариера во филмовите на Роберт Алтман како "Brewster McCloud" "McCabe и г-ѓа Милер "," Крадци како нас "и" Нешвил ",  Се повлече од јавниот живот во 2002 година.

 
 
23.01.2017 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега