Пронајдено тајното писмо на принцезата Дајана - откриени нови шокантни детали за кралското семејство
Објавено е тајното писмо на принцезата Дајана во кое на својот пријател Дадли Поплак му пишала дека се чуствува екстремно изолирано и дека погрешно била сфатена од кралското семејство.
- Се чувствувам екстремно изолирано, повеќе од кога било, како што гледам што следува за Британија и за ова семејство... Чувствувам дека ти веруваш во мене Дадли и немаш претстава колку тоа ми значи, зашто континуирано сум несфатена од луѓето околу мене - напишала Дајана на 3 декември 1991 година и замолила разговорот да го продолжат во јануари зашто и бил потребен негов совет за нејзините мисли.
Принцезата Дајана писмото му го испратила на Поплак откако ручале заедно во 1991 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа