Телма: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на чекор до формирање влада

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се на чекор до формирање влада, откако начелно ги усогласиле ставовите околу двојачичноста. Како што пишува Телма, уставот нема да менува, во Собранието ќе бидат формирани групи кои ќе работат на сите прашања. Ставот за СЈО исто така останува непроменет, ВМРО-ДПМНЕ нема да прави отстапки.

Антонио Милошовски информира дека преговорите меѓу Груевски и Ахмети ќе се интензивираат и постојат позитивни сигнали за коалицирање на двете партии.

Од ДУи пак, велат дека целта е да излезе земјата од криза. 

- Логично е победник да коалицира со победник, беше ставот и на премиерот Емил Димитриев.

 

 

 
 
24.01.2017 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега