Братот на Тачи бил српски шпион

Гани Тачи, постариот брат на Хашим Тачи бил соработник на Службата за државна безбедност на Југославија во осумдесеттите години, пишува српски Курир.

Неговата улога била да помага во сузбивањето на демонстрациите на Албанците во Косово, а соработката се проширила по распадот на Југославија.

- Неколку стотици студенти го имаа завземено студентскиот дом не постоеше начин да се влезе внатре. Тогаш проработе нашата врска. Братот на Тачи кој тогаш беше студент и бил меѓу демонстрантите во домот скришно ги тргна барикадите и ја отвори подрумската врата на зградата, вели некогашниот агент на Југослвенската служба за државна безбедност.

- Почнала жестока тепачка со студентите. Колку што се сеќавам два студента настрадаа, а една девојка се фрли низ прозор и погина. Се разбира никој не можеше да докажи кој им помогна на специјалците за да задушат протестите бидејќи кога би се дознало сигурно би бил убиен, продолжува да објаснува агентот за српскиот Курир.

 

најчитано сега