Скоро сите од нас ги имаат овие столчиња, а тие се опасни по живот

Шведскиот производител за мебел „Икеа“ одлучи да ги повлече столиците за плажа по добивањето на извештаите дека може да се скршат и да предизвикаат повреди.

„Икеа“ ги повика купувачите на моделите Mysingso столици за плажа до 31 јануари да ги вратат, сè со цел да им ги вратат парите за истите, дури и доколку ја немаат сметката.

Шведската компанија одлучи да ги повлече столиците по добивањето на пет извештаи за повреди предизвикани со кршење столчиња во Финска, Германија, САД, Данска и Австралија.

„Икеа“ е водечки светски производител на мебел и има повеќе од 300 продавници во 27 земји.

 
 
25.01.2017 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега