Познатата манекенка отворено за својата интерсексуалност: Знаев дека нешто не е во ред со мене

Манекенката Хана Габи Одиел откри дека е интерсексуална личност, сакајќи да помогне во кршењето на табуата. Оваа 29-годишна девојка е родена со тестиси кои не се спуштени, а отстранети и се кога имала десет години откако лекарите ја предупредиле дека тоа би можело да предизвика рак.

Интерсексуалните луѓе  се раѓаат со машки и женски полови карактеристики. а според податоците на ОН, станува збор за 1,7 отсто од светската популација.

Белгиската манекенка родена е со андрогенен нечувствителен синдром (АИС) заради кој девојчиња имаат XY хромозоми, кои обично се наоѓаат кај момчињата.

- Многу ми е важно во овој момент да го разбијам ова табу. Треба за тоа целосно нормално да се разговара. Јас знаев дека после операцијата нема да можам да имам деца, немав менструален циклус. Јас знаев дека нешто со мене не е во ред, рече Одиел.

На 18 години таа имала операција на вагината. Таа истакнува дека процедурите ја вознемириле и одлучи да зборува за да ги спречи родителите своите деца да ги подложуваат на непотребни операции.

 
 
25.01.2017 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега