Убиство во Битола

Околу 05 часот и 55 минути во СВР Битола,  47-годишниот Д.А. пријавил во полиција дека неговиот сосед П.А. (53) му кажал дека непознати лица го нападнале него и 48-годишниот пријател С.Д. со кој заедно живееле.

Полицијата информира дека Д.А. повикал Итна медицинска помош, при што П.А. бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му се констатирани телесни повреди, додека С.Д. на наведената адреса, бил пронајден во лежечка состојба без знаци на живот и со видливи повреди во пределот на главата и телото.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
26.01.2017 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега