За 16 минути две ракети ќе ја уништат Владата во Скопје - детали за повикот кој ја крена полицијата на нозе

Вчера  во 17.40 часот на телефонскиот број 192 од мобилен телефон се јавил маж во видно алкохолизирана состојба и без да се претстави рекол дека - “за 16 минути две ракети ќе бидат испалени кон зградата на Владата на Република Македонија за да ја уништат“. Министерството за внатрешни работи презеде мерки и набргу потоа пронајден е мажот кој се јавил на 192. Истиот бил однесен во полициска станица каде објаснил дека неговото јавување било мотивирано затоа што, како што рекол, „сакал да привлече внимание затоа што не бил задоволен од функционирањето на системот во државата“. Имено, во текот на истиот ден, тој бил приведен во полициска станица за друго дело, за кое, според негово тврдење не бил виновен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  За настанот е известен Јавен обвинител.

 
 
28.01.2017 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега