Инцидент во познат македонски кафе бар

Инцидент се случи утрово во еден познат кафе бар во Куманово. Сопственичката на барот 47-годишната  С.Т.    пријавила тепачка во нејзиниот кафе бар.

 Во 01.50 часот од страна на полицијата  бил извршен увид на местото на настанот при што било утврдено дека околу 00.50 часот во холот, пред тоалетите и магацинскиот простор на кафе барот, од страна на повеќе непознати лица физички било нападнато петнаесетгодишно момче, кое било удрено во главата со шише од пиво. Момчето било пренесено во Медицински центар Куманово каде му била укажана лекарска помош и му била констатирана телесна повреда.

По укажаната помош петнаесетгодишникот бил пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 
 
28.01.2017 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега