Страшна сообраќајка на „Партизанска“- две лица на Ургентен

Синоќа во 21.50 часот во Скопје на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Париска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ. (19) од Скопје и патничко моторно возило „БМВ“ без регистарски ознаки, управувано од И.А. (21) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Ѓ и сопатникот од неговото возило М.А.М. (18) од Скопје, кои биле пренесени во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 
 
28.01.2017 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа