Меџити се врати во Мала Речица

Градоначалникот на Чаир и потпретседател на ДУИ, Изет Меџити се вратил на партискиот состанок во Мала Речица откако претходно заедно со Теута Арифи и Невзат Бејта си заминале од централниот штаб на ДУИ.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за телевизија Алсат изјави дека тие состанокот не го напуштиле поради тензија, туку поради замор и потребата да се одморат. Според него, дебатата е конструктивна и верува дека наскоро ќе биде донесена одлука.

Инаку Меџити а особено Бејта и Арифи се главните противници за коалиција на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 
 
28.01.2017 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега