Нова жртва на македоснките патишта: Возач излета од патот - сообраќајот во прекин

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера околу 21.50 часот на магистралниот пат Куманово - Крива паланка кај местот викано .„Грамаѓе“. Како што информираат од полиција, 36-годишниот И.Н од Крива Паланка управувајќи со возилото марка „Опел Астра“ со кривопаланечки регистерски таблички излетал од патот и починал на местото на несреќата. 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на полициската станица во  Крива Паланка. Од 22.50 до 00.45 часот сообраќајот бил во прекин во двата правци.

 
 
29.01.2017 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега