Несреќа во Ѓорче: Пијана паднала од автобус на ЈСП

Во 23 часот синоќа во Ургентен центар Скопје со возило на Итна медицинска помош била донесена 44-годишната К.Ј.Г. од САД, а со живеалиште во Скопје, која доживеала страшна несреќа додека се возела со автобус на ЈСП.

Полицијата денеска информира дека откако автобусот застанал на автобуска постојка на улица „Ѓорче Петров“ , при симнувањето од автобусот жената се лизнала и паднала на тротоарот. Веднаш дошла Итна помош и таа била пратена на Клиниката за Максиофасцијална хирургија.

Над истата е извршено алкотестирање, при што е утврдено присуство на алкохол во крвтта од 3,39 %о.

Од страна на екипа од СВР Скопје извршено  е фотографирање на автобусот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
 
30.01.2017 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа