Се венчале во болница зошто двегодишното синче им умира

Силија и Џеф Кинзел од САД се бореа да не пуштат солзи како го изговорија судбоносното "да".Нивната венчавка беше далеку од среќна

Покрај нив во болница беше нивниот син Логан (2) поврзан со инфузија. Малото момче е пред умирање поради напреднат рак на мозокот.

Венчавката е планирана за 2018 година, но шансите на Логан да преживее до тогаш се многу мали па затоа тие одлучиле да се венчаат во болница.

- Ги сликав додека одеа по ходникот на патот кон неговата соба. Сцената беше толку тажна. Но, сепак, зборува за храброст, љубов и способноста да се најде радост и среќа во најтешките моменти во животот - вели нејзината мајка. Таа додаде дека детето имало операција минатата година, отстранет тумор е од неговиот мозок и поминал еден циклус на хемотерапија.

Некое време се надевавме, но сега како поминува времето неговата состојба само се влошува.

- Сите се длабоко потресено од оваа слика. Јас навистина се надевам дека тоа ќе ја поттикне свеста на луѓето во врска со тумори кај децата. Пред Логан да заболи верував дека ова се случува многу ретко. Се надевам дека другите луѓе ќе разберат дека тоа е почесто отколку што мислите - рече Силија, додавајќи дека тие биле среќни што нивниот син можеше да присуствува на свадбата, пишува Woman's Day. .

 

 

 

 
 
30.01.2017 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега