Амбасадата на САД: Партиите да продолжат со разговорите за формирање влада

Од амбасадата на САД соопштија дека го набљудуваат процесот на формирање на влада и ги повикува партиите да продложат со разговорите за формирање на нова Влада. 

„Очекуваме да работиме со македонската влада, кога ќе се формира, за напредување во евроатланската интеграција преку спроведување на реформите предвидени со Договорот од Пржино, особено во однос на владеење на правото“, одговорија од Амбасадата на прашањето како ги коментираат последните случувања и неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се договорат за формирање влада. 

 
 
30.01.2017 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега