Трагедија во Скопје: Трудница искрварила и родила мртво бебенце
Голема трагедија го потресе Скопје, трудница искрварела и родила мртво бебе. Настанот се случил во текот на вчерашниот ден во 11 часот и 30 минути кога 41-годишната С.П. од Скопје која била во осмиот месец од бременоста, почнала да крвари откако и се слошило.
Полицијата информира дека истата сама се породила дома, а новороденчето било мртво.
Скопјанката била пренесена во Клинички центар на Клиниката за гинекологија, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе ќе биде дадено на обдукција.
31.01.2017 - 11:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа