Драма во Прилеп: Продавачка избезумено почнала да вика за помош

Продавачите и продавачките во продавниците и маркетите се почесто се мета на крадци. Полицијата денеска информира дека во 20 часот и 30 минути во продавница во Прилеп, непознат маскиран сторител извршил разбојништво, така што влегол и од вработената ги побарал парите.

Вработената се исплашила, ја отворила задната врата од продавницата и почнала да вика по сопственичката. Во тој момент сторителот и се доближил и ја удрил со тупаница во пределот на лицето, по што заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
01.02.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега