Драма во Тетово: Го прегазил со возило зошто сакал да му пише казна за паркирање

 

Во текот на вчерашниот ден во 11 часот се одвивала драма во Тетово кога полицаец му побарал документи за возење на тетовчанец. Од полицијата денеска информираат дека додека полициски службеник работел со специјалното возило „Пајак“ на кружниот тек од улицата „Јане Сандански“ и улицата „Ѓ.Стојчевски“, забележал неправилно паркирано возило марка „Форд Транзит“ со тетовски регистарски ознаки.

Полицискиот службеник побарал документи од возачот, кој во моментот дошол, ја отворил задната врата и му одговорил дека кај него нема никакви документи и влегол во возилото. Полицискиот службеник излегол пред возилото од десната страна со цел да ја запише регистарската таблица, но возачот го стартувал возилото и  го удрил полицискиот службеник во пределот на левата нога.

Истиот се јавил на лекарски преглед во Клинички центар Тетово каде му била укажана лекарска помош и констатирани му биле телесни повреди по што бил пуштен на домашно лекување.

Околу 12 часот и 25 минути во полциија сам дошол 69-годишниот Р.Ш. од селото Стримница со цел да донесе документација во врска со неправилното паркирање и притоа во разговор со полициските службеници дознал дека при тргнување со возилото го удрил полицискиот службеник во пределот на ногата.

 
 
03.02.2017 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега