ВМРО – ДПМНЕ: Ќе го избркаме од штабот секој кој во иднина ќе ни го спомeне принципот „победник со победник“

Не специјалното обвинителство, туку неприфаќањето на платформата на албанските партии од страна на ВМРО-ДПМНЕ е главна причина за неуспехот на преговорите со ДУИ за нова коалиција. Овие детали денеска и биле пренесени на турската амабасадорка во земјава Еркал Кара на средбата со лидерот на партијата Никола Груевски. Според ВМРО-ДПМНЕ, оваа платформа е обид за репреговарање на Охридскиот рамковен договор, што всушност значи отворање на пандорина кутија што ќе ја донесе земјава во уште посложена ситуација.

Во разговорите со ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ беше изрично против воведување на двојазичност на целата територија, а покажавме интерес да се води дискусија околу одредени идеи за унапредувања на законот за употреба на јазиците во оние општини каде живеат етнички заедници различни од македонската во висина од најмалку 20 отсто во рамките на општината, прашање за што исто така имаше многу разлики. 

ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ако за  носење на измени на закон кој го засега малцинството е потребен т.н. Бадентер или мнозинство од немнозинските заедници, тогаш треба да им е јасно дека за измена на таков закон потребна е и подршка од мнозинството на мнозинската заедница, поточно потребно е и мнозинство од македонците во парламентот, се вели во партиското соопштение.

Пред амбасадорката Кара, Груевски посочил и дека доколку сега се напушти принципот на коалиција помеѓу побеничките партии од македонскиот и албанскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да има обврска да ја почитува мнозинаската волја на албанците во Македонија, став кој вчера исто така и беше пренесен и на шефицата на мисијата на ОБСЕ во земјава. Токму затоа ставот на владејачката партија е дека нови предвремени парламентарни избори се шанса Македонија да излез од политичката криза.   

За разлика од јасниот став на ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ повеќе од 5 дена молчи во која насока се движат преговорите со албанските партии за нова Влада. Ниту еден функционер од партијата јавно не открива дали Заев е подготвен да ја прифати платформата на албанските партии.

И додека СДСМ молчи, албанските партии се погласно говорат дека без двојазичност на целата територија и комплетно редефинирање на Македонија нема да прифатат коалиција со СДСМ.

И денеска траат внатрепартиските консултации во ДУИ и СДСМ и засега е неизвесно дали и кога ќе продолжат преговорите за коалиција.

 
 
08.02.2017 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега