Хан се огласи на Твитер: Денот го почнав со разговор со премиерот Димитриев

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, вчера пристигна во Скопје, каде денеска на маргините на Министерскиот состанок за Западен Балкан, ќе се сретне со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание. 

Тој треба да има одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, со цел формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11 декември.

Хан веќе го објави првиот твит по доаѓањето, во кој напиша дека утринава се сретнал со премиерот Емил Димитриев. Се разговарало за ситуацијата во земјата по предвремените парламентарни избори, одржани на 11 декември минатата година, но детали не се откриваат.

 
 
09.02.2017 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега