Средба Димитриев-Хан: Да се почитува сувереноста во одлучувањето за прашањата од државен и национален карактер

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, денескаоствари средба со Јоханес Хан, комесар за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија. Премиерот Димитриев и Еврокомесарот Хан ја истакнаа значајноста и потребата од членството на Република Македонија во Европската Унија и дадоа позитивна оценка за меѓусебните односи.

            Двете страни ги поздравија спроведените парламентарни избори оценувајќи ги како фер, кредибилни и демократски.

            Соговорниците разговараа и истакнаа свои мислења и видувања за разни аспекти на актуелната политичка ситуација. Беа акцентирани реформите кои се потребни за унапредување на стандардите во сите општествени сфери и беше изразена посветеност кон продолжување на соработката во нивното спроведување.

Премиерот Димитриев истакна дека Владата во рамките на своите ингеренции е посветена кон реализација на сите потребни активности за водење на земјата и реализација на стратешките цели за европска и евроатланска интеграција. Тој истакна дека изјавите и постапките на определени политичари од соседните земји кои предизвикуваат негативни чувства кај граѓаните на Република Македонија не се во функција на унапредување на добрососедските односи додавајќи дека нашата земја ќе продолжи со спроведување на политики кои значат соработка со сите заинтересирани страни во регионот во сфери кои се од заеднички интерес.

Еврокомесарот Хан истакна дека Европската Унија го почитува интегритетот на нашата земја и нашата европска иднина.

Соговорниците истакнаа дека е битно да се почитува сувереноста во одлучувањето за прашањата од државен и национален карактер.

 

 

 
 
09.02.2017 - 11:09
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега