ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за училиштето во Визбегово е во длабока процедурална фаза

 

За целосна реконструкција на училиштето „Св.Климент Охридски“ во населеното место Визбегово веќе има отворено тендерска постапка преку Бирото за јавни набавки и таа е заведена под бројот 01/2017, изјави  Дарко Костовски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, реагирајќи на прес-конференцијата на Николина Нолевска.

- Денеска советничката Николина Нолевска од СДСМ излезе со груба манипулација за проект за кој знае дека е веќе во длабока процедурална фаза и истиот е поминат на седница на советот на општината Бутел на која и самата Нолевска присуствувала. За оваа намена издвоени се 5.500.000 денари кои училиштето ги има добиено како блок дотација од Општината Бутел. Сите советници на СДСМ во општината Бутел се запознати со целосната процедура за реконструкција на училиштето во Визбегово, истакна Костовски, според кого СДСМ манипулира со граѓаните затоа што следуваат локални избори.

 
 
09.02.2017 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега