Десетгодишно дете преживеа хорор среде центарот на Скопје

Ограбено 10 -годишно дете среде центарот на Скопје.

Како што информира МВР, вчера во 19,38 часот во полициската станица Центар  44-годишниот А. П. од Скопје, пријавил дека истиот ден во 17,00 часот во Скопје, на ул.„50- та Девизија“ спроти маркетот од страна на засега непознато лице на неговиот 10 годишнен син извршено му било разбојништво при што одземено му е спортско ташниче во кое имало мобилен телефон и клуч од станот. Имено, сторителот се доближил до оштетеното дете, го фатил за врат, го турнал на земја и му го одзел ташничето, по што заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

 

 

12.02.2017 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега