Полиција и хеликоптери утрово на секој чекор во Скопје

Во големата сала на Врховниот Суд во Скопје денеска ќе продолжи судскиот процес за хоророт во кумановската Дива Населба. На минатото рочиште кое се одржа на деветти месецов, беа сослушани последните двајца сведоци предложени од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. 

Исказот на сведокот Шабан Јашари во Врховниот суд го прочита јавниот обвинител. Јашари не присуствуваше на рочиштето затоа што, според кажувањата на неговата сопруга, бил во странство. Неговиот исказ предизвика контроверзии и ова е првпат некој од сведоците да каже дека видел дел од обвинетите на 9 мај во Дива населба, и тоа во друштво на лица што носеле униформи на УЧК, пренесе Телеграф.мк

Јашари во исказот рекол дека го слушал командант Соколи како давал наредби надвор и дека бил со уште двајца луѓе. Му тропнале на вратата и побарале кафе. Откако го испиле кафето, Соколи и другите двајца си заминале. Соколи подоцна во текот на судењето рече дека тоа не било првпат да пие кафе со Јашари. 

Судењето денеска ќе биде отворено за очите на јавноста, бидејќи ќе сведочат очевидци.

 

 

 

 

13.02.2017 - 08:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега