Се запали зграда во скопската населба Даме Груев - се задуши еден пожарникар

Во Скопската населба Даме Груев улица Лука Геров, синоќа околу 23 часот изби пожар.

Според неофицијалните информации, истиот од вториот кат се проширил низ зградата. Причинител е ќумбе кое експлодирало во стан на вториот спрат.

Присутна беше полиција и три возила на противпожарна бригада, две возила на итна помош.

Во чадот се задушил само член на противпожарна бригада, бидејќи, боците со кислород биле надвор од употреба.

Причинета е штета, но нема посериозни повредени или загушени од чадот.

 

 

 

13.02.2017 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега