Машко безживотно тело извадено од Пчиња и предадено на обдукција

 Безживотното тело во фаза на распаѓање кое попладнево беше пронајдено во водите на реката Пчиња, во атарот на селото Студена Бара е извадено и е предадено за обдукција, соопштија од обвинителството.

Оттаму најавија дека ќе се изврши обдукција и ДНК проверка и потврдија дека членови на семејството на исчезнатиот кумановец по кого полицијата трага скоро два месеци го идентификувале.

И членови на семејството на 59-годишниот кумановец потврдија дека станува збор за човекот, кој на 19 декември беше пријавен за исчезнат во СВР Куманово. По него, по иницијатива на членовите на семејството трагаа и граѓани волонтери од Куманово.

 

 

 

13.02.2017 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега