Што крие документот што Заев вчера му го достави на Ахмети

СДСМ крие што содржи документот кој од Бихаќка вчера беше испратен во Мала Речица. Од партијата за медиумите кои ги сметаат за блиски а се финансирани од средства на СОРОС изјавиле дека што му пратиле на Ахмети ќе откријат откако ќе го добијат мандатот.
Ова не е ништо ново во комуникацијата на СДСМ со граѓаните. Иако партијата презентира слика дека е отворена за јавноста и дека нема проблем да лиферува информации за своите позиции, до овој момент, повеќе од месец дена по објавувањето на албанската платформа од СДСМ велат дека ставот ќе го кажат кога ќе го добијат мандатот.
За дел од експертите ова е обид на СДСМ да се заштити од евентуален неуспех во преговорите со ДУИ, односно, да не излезе во јавност што се прифатил Заев, а на крајот, тоа да биде беспредметно, доколку ДУИ не ја прифати коалицијата.
Молк денеска и во Мала Речица. Портпаролот Бујар Османи не се јавува на својот мобилен телефон, а исто се однесуваат и неговите сопартијци.
Од помалите албански партии информираат дека денеска со Ахмети ќе имаат средба на која тој ќе им презентира што добил од Заев. По ова се очекува тие да изградат став и да му вратат одговори на лидерот на СДСМ.  Кога тоа ќе се случи, никој не знае, со оглед на тоа што документот кој Заев му го пратил на Ахмети не предвидува никакви рокови.
За експертите се помали се шансите да се формира нова Влада наскоро. Според нив и да се случи тоа, многу веројатно е таквото мнозинство да не трае долго. Коментираат дека сите патишта водат кон нови, предвремени избори, најверојатно заедно со локалните.

 

 

 

14.02.2017 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега