Работник падна од скеле - итно донесен на скопските Клиники

 

Во текот на вчерашниот ден во 12  часот од Клиничка болница Штип, телефонски во Пполицијата во Штип било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице. Полицијата информира дека се работи за 60-годишниот Д.З. од Штип, вработен во градежна фирма. Истиот работејќи на градежен објект во Штип паднал од скеле на висина од околу пет метри при што се здобил со повреди.

Работникот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиниката во  Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Поради карактерот на повредите истиот бил препратен во Клинички центар Скопје.

 

 

 

15.02.2017 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега