Трагедија: 26 годишно момче пронајдено мртво во Кочани

Телото на 26 годишно момче од Кочани вчера беше пронајдено во центарот на градот. Телото го пронашле случајни минувачи пред една од зградите.

Се уште е мистерија дали се работи за убиство или несреќен случај. Кочанската полиција побара асистенција од форензичари од Скопје.  Соседите во неверица ја примија трагичната вест.

-Тоа е трагедија за така младо дете, 26 години. Тоа е тоа. Животот ќе тече, ама него нема да го има –изјава сосед.

- Греота е, како не е греота. Тоа допрва требало да живее - изјава граѓани.

- Беше си воспитано, дотерано културно, се –изјава сосед.

Додека траеше увидот на лице место на станарите им беше забранет влез и излез од зградата. Телото е предадено на обдукција која треба да ја утврди причината за смртта.

 

 

 

16.02.2017 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега