Мигранти со повреди на главата и телото пронајдени на автопатот Скопје-Куманово

Утрово во 00.30 часот телефонски во ЕИК Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово (во близина на с.Бунарџик) има две лица со повреди на главата и телото.

Полициски службеници излегле на местото и ги пронашле  И.А.С. и Ф.К.А., државјани на Пакистан, кои илегално влегле во Р.Македонија.

По нивно кажување, на мостот за с.Бунарџик од страна на пет непознати лица биле нападнати со палки и железни шипки, по што им биле одземени пари. И.А.С. во неконтабилна состојба и Ф.К.А. биле пренесени во Медицински центар Скопје, каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

16.02.2017 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега