Исповед на Гоца Тржан- сакаше да ме силува кога имав 18 години

 

 

Гоца Тржан проговори за искуство од минатото кое не било ни малку пријатно. Еден маж сакал да ја силува пејачката.

Морам да признаам и немам никаков проблем со тоа дека имав непријатно искуство. Имав 18 години – открила Гоца Тржан во емисијата Ексклузив.

На неа непријатното искуство и се случило на Заечарската гитаријада, на која настапувала со еден рок бенд.

-Тоа секогаш се случува со луѓе кои ги познавате и во кои имате доверба. Не сакам да зборувам за тоа, тоа е дел од моето минато. Многу непријатно искуство со кое се изборив лесно, освестувајќи го тој дел од себе – објаснила Гоца во емисијата.

Таа од тоа искуство излегла посилна.

-Многу слободна жена сум и многу сум отворена, па научив важна лекција дека со одредени луѓе ако си отворен и весел, може да биде протолкувано како повик за нешто што си умислиле – вели Гоца.

Открила дека жените генерално имаат голем проблем бидејќи ги гледаат како сексуални објекти, само затоа што облекле нешто кратко.

-Мислам дека мажите сметаат дека ако жената е разголена или слободна, дека тоа е отворен повик за нив, што не е така – рекла пејачката.

 

 

 

16.02.2017 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега