Со полн калашников шетал во центарот на Скопје

Единицата за недозволена трговија поднесе кривична пријава против Н.С. (23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Во понеделникот  околу 01.30 часот на бул. „Илинден“, на бензинска пумпа, од страна на полициски службеници забележана е автоматска пушка на предно совозачко седиште од патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот.

По извршен преглед на возилото во автоматската пушка калибар 7,62мм. пронајдена е и рамка со 25 куршуми кал.7,62 мм.

Од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

 
 
 

 

 

16.02.2017 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега