Сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово: Млада девојка тешко повредена

Уште една страшна сообраќајка вчера се случи во тетовско.

Несреќата се случила во 18 часот и 30 минути на автопатот Гостивар-Тетово во близина на натпатникот за Пирок, а учествувале две возила „Пасат“ со скопски регистерски таблички управуван од 72-годишниот Ј.А. од Скопје и „Ауди“ со гостиварски таблички управуван од 57-годишниот З.А. од гостиварското село Топлица.

Во судирот со телесни повреди се здобила сопатничката од „Аудито“ Е.Џ.(23) која била пренесена и задржана во тетовската Клиничка болница за понатамошно лекување и набљудување на состојбата.

 

 

 

19.02.2017 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега