Полицијата ги фати: Четворица скопјани долго ќе бидат зад решетки

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода 21-годишниот Н.Д. од Скопје кој се барал за издржување  затворска казна во траење од шест месеци за сторено кривично дело „учество во тепачка“.

Тој бил спроведен во  затвор „Скопје“.

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода Е.Ј.(25) од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од една година и еден месец за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Тој бил спроведен во затвор „Скопје“.

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода А.С.(40) од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години за сторено кривично дело „кражба“.

Тој бил спроведен во затвор „Идризово“.

СВР-Скопје постапувајќи по судска наредба го лиши од слобода Н.С.(28) од Скопје кој се барал за издржување затворска казна во траење од пет години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Тој бил спроведен во затвор „Идризово“.

 

 

 

19.02.2017 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега