Жена изгоре во пожар на улицата Илинденска

 

Трагедија ја потресе Македонија, во текот на вчерашниот ден, во 14 часот и 30 минути во Полицијата во Гевгелија, пријавен бил пожар во Нов Дојран на улицата „Илинденска“.

Според податоците од полицијата, изгорела семејната куќа на П.К. а внатре за жал полицијата и Брзата помош утврдиле дека во пожарот загинала 92-годишната П.К.С.

Смртта настапила од настанатиот чад од пожарот и од изгореници по телото. Пожарот веднаш бил локализиран.

Извршен бил увид и во консултација со Јавен обвинител телото на починатата е предадено на семејството за погреб.

 

 

 

23.02.2017 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега