Страшен пожар во Гостивар - со изгореници го пренеле на Ургентен
Околу 19 часот и 30 часот во Гостивар на улицата „Илинденска, на балконот од станот на 49-годишниот В.И. од непознати причини настанал пожар во скарата која била поврзана со плинска боца, по што пожарот се проширил.
На местото на настанот веднаш биле пристигнати екипи на противпожарната екипа на Гостивар и Итната помош, по што за кратко време пожарот бил локализиран.
В.И. со возило на Итна помош бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар каде му се констатирани изгореници од трети и четврти степен по целото тело. Поради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентен центар Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа