ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Запленета голема количина дрога во Струга

 

Струшката и охридската полиција, во заедничка акција запленија 42 килограми дрога. Полицајците синоќа ја извршија акцијата запирајќиавтомобил во кој била скриена дрогата. 

Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид изјави дека околу 42 килограми зелена тревкаста материја се пронајдени во патнички автомобил, синоќа во Струга при координирана акција на криминалистичката полиција од Струга и Охрид. Акцијата, беше реализирана околу 22 часот во близина на еден хотел на улицата ,,Димче Ковачески,, во Струга.

-Полициските инспектори заедно со полициски службеници од полициската станица во Струга, извршија запирање на патничко моторно возило „Мини Купер“ со струшки регистарски ознаки управувано од Ф.И.(31) од струшкото село Калишта, информира портпаролот Димоски. При извршен преглед во возилото, забележани се пет вреќи со тревкаста материја завиткана во повеќе јутени и платнени опаковки. Дополнително, во предната лева врата од автомобилот, пронајдена е една мала најлонска паковка со бела прашкаста материја. При извршен претрес во домот на Ф.И. во селото Калишта, пронајдени се две црни најлонски кеси со траги од тревкаста материја, соопшти портпаролот Димоски.
Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Извор:ОхридНет

 

 

 

25.02.2017 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега