Заев денеска ќе бара мандат од претседателот Иванов

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе ги поднесе потписите кај претседателот Ѓорѓе Иванов, за мандат за новата Влада. 

„Следува период каде ќе се посветиме на поставување на квалитетна владина програма која ќе ја реализираат одговорни политичари, кои ќе водат реална политика, таква каква што избраа граѓаните на Македонија“, рекоа од СДСМ.

Инаку, пред почетокот на претседателството во петокот, лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека ја разгледуваат опцијата да останат и во опозиција. Нивната финална одлука се чека денеска.

Вчера, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во дневникот на Сител, рече дека е загрозена унитарноста на државата и дека граѓаните не го дадоа својот глас за кантонизација и федерализација.

 

 

 

27.02.2017 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега