Кузмановска до Ременски: Каде планирате утре да живеат вашите деца, зарем не заслужуваат своја држава?

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на текстот на Фросина Ременски.

Лилјана Кузмановска на својот Фејсбук профил упати порака до неа:

„А да му каже некој на Ременски и групата дека:
Државата не ја наследивте од вашите татковци, па да се пазарите со неа за да дојдете на власт!
Знаеме дека не ви прилега да бидете патриотска партија како што кажа и Заев, ама барем немојте да бидете антимакедонска партија.
Се продадовте само уште јазикот ви остана!
Кога веќе го споменувате Ченто, покажете дека имате барем нешто заедничко со него. Покажете дека Македонија ви е пред партијата и партиските интереси.
Барем еднаш во овие 26 години независност застанете во одбрана на македонските интереси.
Ако вие не го направите тоа има Народ кој е спремен да застане во одбрана на држава. Народ кој нема да ви дозволи да ви помине црното сценарио кое го спремате.
Каде планирате утре да живеат вашите деца, зарем тие не заслужуваат да имаат своја држава и свој јазик?

Македонија е вечна, а политичарите доаѓаат и си одат, прашање е дали ќе заминат како херои или предавници.“

 

 

 

28.02.2017 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега